Акумулатори од Пробиштип со нова технологија

Bez autora
Dec 17 2013

Откако кон средината на минатата година фабриката „ТАБ“ од Межице, Словенија, стана доминантен сопственик на фабриката за акумулатори „Весна САП“ од Пробиштип, инвеститорот се фрли на комплетна промена на технологијата во овој капацитет во нашата држава. На крајот од 2014 година менаџментот на „ТАБ Мак“, како што е именувана фабриката во рударскиот град, излезе со оцена дека дури 90 проценти од опремата е заменета, со што се создадени услови македонскиот производител да може успешно да се натпреварува на европскиот и светски пазар со најпознатите производители на стартер-акумулатори. Новата технологија за нас беше прашање од највисок приоритет и затоа главниот акцент го дадовме на тој процес. Во изминатите 18 месеци вложивме шест милиони евра, а идната година во план ни е да вложиме дополнителни два милиона евра. Со овој потфат создадовме предуслови и за поголемо и за поквалитетно производство, но и за нови проширувања и збогатување на производната палета, вели Гојко Цесар, директор на „ТАБ Мак“.

Акумулатори од Пробиштип со нова технологијаОткако кон средината на минатата година фабриката „ТАБ“ од Межице, Словенија, стана доминантен сопственик на фабриката за акумулатори „Весна САП“ од Пробиштип, инвеститорот се фрли на комплетна промена на технологијата во овој капацитет во нашата држава.

На крајот од 2014 година менаџментот на „ТАБ Мак“, како што е именувана фабриката во рударскиот град, излезе со оцена дека дури 90 проценти од опремата е заменета, со што се создадени услови македонскиот производител да може успешно да се натпреварува на европскиот и светски пазар со најпознатите производители на стартер-акумулатори.

„Новата технологија за нас беше прашање од највисок приоритет и затоа главниот акцент го дадовме на тој процес. Во изминатите 18 месеци вложивме шест милиони евра, а идната година во план ни е да вложиме дополнителни два милиона евра. Со овој потфат создадовме предуслови и за поголемо и за поквалитетно производство, но и за нови проширувања и збогатување на производната палета“, вели Гојко Цесар, директор на „ТАБ Мак“.

Новата технологија овозможи производството да се зголемува секој месец, а до крајот на идниот месец да почне и производство на новиот тип на акумулатори за потребите на индустријата.

„Во моментов произведуваме стартер-акумулатори за автомобили и за камиони, но веќе од крајот на јануари 2014 година на пазарот ќе понудиме и индустриски акумулатори, најголем дел за виљушкари кои можат да тежат и до три тони. Оваа година ќе ја завршиме со производство на 400.000 стартер-акумулатори, иако можностите на фабриката, со оглед на нејзиниот капацитет дозволуваат оптимално производство на еден милион акумулатори за автомобили и камиони и плус 100.000 индустриски акумулатори. Бидејќи годинава бевме посветени на монтирањето на новата опрема и комплетната замена на инсталациите во фабриката, идната година планираме удвојување на производството на 800.000 акумулатори“, вели Цесар.

Во овој период е подобрен и квалитетот на производите. Пласманот на традиционалните пазари, како што се Русија, Украина, Полска, Англија, Франција, Шпанија, Италија, е зголемен за 30 проценти, за што најголемо влијание има групацијата ТАБ, која веќе ја има освоено Европа.

Новиот инвеститор донесе и нова надеж за невработените млади луѓе во рударскиот Пробиштип. Според Гојко Цесар, кога пред 18 месеци „ТАБ“ АД од Межице влезе во пробиштипската фабрика имало 160 вработени, а денес тој број е 220 лица и до крај на годината треба да има 250.

Фабриката во Пробиштип располага со покриен простор од 48.000 квадратни метри, а во моментот се искористени само околу 22 процента. Тој потенцијал ќе биде искористен за ширење на производството на „ТАБ Мак“, што е приоритетно во развојната стратегија на словенечката компанија, која сака поголем дел од производството да го пренесе во нашата држава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik